„Единствената погрешна одлука во целиот изминат период беше руската агресија врз Украина, а одлуките за помош и поддршка на Украина беа за да и се помогне на земјата која беше нападната да се одбрани”, рече министерката одбрана Славјанка Петровска при денешното гостување во емисијата „Клик плус” на ТВ 21.
Министерката Петровска истакна дека Северна Македонија ја осуди оваа агресија од самиот почеток, и додаде: се приклучивме на санкциите кон Русија и донесовме три одлуки за воена помош за одбрана на Украина, на нејзино барање, но и со согласност и став од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, дека овие донации кои ќе бидат транспарентно објавени кога ќе има услови за тоа, никако не влијаат на борбената готовност на Армијата.
„Во Европа во 21 век не е дозволено да имаме слики на загинати деца, родители, огромен број на бегалци и затоа сојузниците се обединети во потребата за помош и поддршка на Украина која се брани”, рече министерката.