216
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се потпиша во книгата на жалост за големата трагедија во училиштето во Белград.
Порача дека во овие тешки мигови, сочувствуваме со нашите пријатели од соседна Србија и ја споделуваме тагата на родителите и семејствата кои ги загубија своите најмили.
-Со голема тага ја примив и веста за немилиот настан кај Младеновац, во кој недолжни луѓе ги загубија животите. Изразувам длабоко и искрено сочувство и посакувам брзо закрепнување на повредените. Ова се две огромни трагедии од кои како општество, треба да извлечеме голем број поуки, истакна Петровска.
Книгата на жалост е отворена во српската амбасада во Скопје.