Петровска: Се враќа животот во Битола за сите

од desk2
75 прегледи

СДСМ и Коалицијата прогласија победа на локалните избори во Битола. Во своето обраќање до јавноста кандидатот за градоначалник Наташа Петровска истакна дека победи програмата и поддршката за, како што рече, чесни луѓе да ја водат Битола. – Копнежот се оствари.

Битолчани победија. Се враќа животот во Битола за сите. Им честитам на сите што учествуаа на изборите и што ни дадоа доверба да го водиме градот. Битола ќе биде поубава и посреќна, рече меѓудругото Наташа Петровска, кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата во Битола..МИА