Петровска: Ширењето на НАТО Алијансата не треба да претставува закана за никого

од Берта Китинска
183 прегледи

Ставот на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата во однос на проширувањето е јасен, а тоа е дека ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата. Тоа значи дека секогаш кога некоја земја ќе изрази прво волја да стане членка на Алијансата, ние тоа го прифаќаме, но треба да се следи процесот на нејзино пристапување и во оној момент кога земјата ќе ги исполни условите да биде земја – членка на Алијансата, е добредојдена, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска во однос на најавите за проширување на НАТО со нови земји – членки, за што таа и оцени дека е сосема очекувано со оглед на развојот на настаните на европско тло од што, нагласи, сите сме загрижени.

– Ширењето на НАТО Алијансата не треба да претставува закана за никого, туку напротив мислам дека тоа е дополнителна вредност за мирот и стабилноста во регионот и на територијата на НАТО Алијансата , но и во светот, затоа што НАТО е политичко воен сојуз, меѓутоа пред се знаеме дека се заснова на политиката на одвраќање и на гарантирање на безбедностс, изјави министерката Петровска.

Слични содржини