Петровска: Школски пример за газење на идентитет е да не го спомнуваш името на државата

од Nikola Popovski
562 прегледи

Министерката за одбрана и членка на СДСМ, Славјанка Петровска се огласи на социјалните мрежи околу користењето на уставното име на земјата.

-Прво го избришаа името Македонија од статутот, а сега престанаа да го користат и во официјална комуникација. Македонија за нив нема име, нашата држава. Школски пример за газење на идентитет е да не го спомнуваш името на државата, стои во објавата на Петровска, критикувајќи ја политиката на новата претседателка и владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Колку за потсетување, новата шефица на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера положила венец на спомен-плочата на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј на кој не го пишувало името на државата.

На лентата на венецот што таа го положила, пишувало само претседателка Гордана Сиљановска-Давкова без да се наведе името на државата чија претседателка е.

Новата претседателка и ВМРО-ДПМНЕ, како партија која е извесно дека ќе ја предводи идната влада на Северна Македонија, сметаат дека имаат право да го користат само името „Македонија“ во јавните настапи.

Преспанскиот договор, со кој официјалното име на државата беше додадена „Северна“ е реалност и за партијата и за претседателката и одговорија дека „нема да бегаат од тоа во официјалната употреба“.

Ова се ставовите на новата претседателка на државата и партијата која ја поддржа во трката за шеф на државата, по реакциите од властите во Грција, Бугарија и Европска Унија (ЕУ) со потсетување да се почитуваат договорите што Скопје ги постигна со Атина и Софија.

Слични содржини