194
Поминвме долг патот за да стигнеме до воената алијанса. Граѓаните ги чувствуваат придобовките. Она што се случува во Украина покажува дека мирот не ни е загарантиран и не ни даден еднаш засекогаш. Сите сме еднакви во НАТО. Она што е поука е пораката дека НАТО и светот се обединија. Праќаме порака како сојузници дека нема компромис за борбата за човечки животи и борбата за демократија, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска во интервју за МТВ.
Петровска посочи дека никој не веруваше дека може да се случи ваква груба и брутална агресија во 21-иот век.
-Граѓаните треба да ги знаат одлуките на НАТО алијансата. Сите одлуки се во согласност со принципите и вредностите, рече Петровска.