Петровска: Со членството на С. Македонија во НАТО, Балканот е постабилен и побезбеден

од Nikola Popovski
213 прегледи

Членството на Северна Македонија во НАТО ја зацврсти стабилноста и безбедноста на Балканот, а особено на Западниот Балкан. Со учеството на над 60 припадници на Армијата во НАТО мисијата на Косово, КФОР, придонесуваме во регионалната безбедност и цврсто сме посветени на вредностите на Алијансата како кредибилен сојузник, изјавила министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со Сер Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан кој престојува во својата прва официјална посета на нашата земја по превземањето на оваа функција во декември минатата година.

Пич како одличен познавач на Западниот Балкан, поранешен претседавач на Воениот комитет на Алијансата, изрази задоволство што Северна Македонија повеќе од една година е полноправна членка на Алијансата. Тој го поздрави фактот што Северна Македонија ја заврши воената интеграција во само 19 месеци, што е рекордно брза воена интеграција во историјата на НАТО.

Министерката Петровска и специјалниот претставник на Обединетото Кралство на средбата разговараа и за билатералната одбранбена соработка помеѓу двете земји, за која се согласија дека е исклучително интензивна и корисна за двете земји, за регионот и за НАТО.

Слични содржини