Петровска: Со донацијата на воена опрема за Украина не се намалува капацитетот на Армијата

од Берта Китинска
199 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петревска денеска во изјава за медиумите истакна дека донацијата за Украина вклучува воена опрема и вооружување, чие побарување било од украинските власти.

Според неа, со ваквата донација, никако не се намалува капацитетот на нашата армија.

„Одлука за испраќање војници во Украина нема и нема да има. Доделивме воена опрема и вооружувања, согласно барањето на украинските власти. Нивното барање беше класифицирано, така што и нашата одлука е класифицирана, кажа Петровска.

Слични содржини