Петровска: Согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, постапката за набавка е во тек

од Aleksandar Petrovski
280 прегледи

-Во интерес на вистинито информирање на граѓаните и спречување дополнителни тензии наметнати од непромислената изјава на техничкиот министер, побарав информација од службите во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име и ме известија дека: согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20% од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек.

Проектните тимови на МВР и Веридос се во постојана комуникација и работат на дефинирање на конечниот изглед. Роковите за нарачка не се истечени, штом се дефинира конечниот изглед и истиот се одобри од страна на Управниот комитет и се уреди во подзаконски акт, ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани.

Истовремено, упатувам апел во иднина информациите кои ќе се изнесат во јавност да бидат проверени и потврдени од стручните служби во министерството, објави заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Слични содржини