И, по 100 дена, од кој не видовме ништо, жално е што повторно се враќаме во времињата кога владееше ДПМНЕ и кога партијата им беше пред и над се, а потоа сè останато. ДПМНЕ и ВЛЕН не ги поврзува државниот туку личниот интерес, рече вечерва пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во вестите на Алсат ТВ.
Петровска го коментираше и одвојувањето на Македонија од Албанија на европскиот пат и рече дека нема да се случи ништо, затоа што власта има други интереси.
-Иднината на државата кога ДПМНЕ е на влсат е секогаш во втор план. Па власта во Брисел отиде да бара уставни измени со одложено дејство, а оттаму се вратија како попарени без да ѝ кажат на јавноста дека предлогот им е одбиен, односно дека не е тоа опција. Иако ветуваа Преговарачката рамка не може да се промени и тоа е ставот на Европската унија. Се е само замајување на јавноста и давања изговори, рече Петровска.
Таа потенцираше дека граѓаните не сакаат да слушаат изговори туку план, особено што пред избори ДПМНЕ велеа дека имаат план како да ги променат за засилено да продолжат на патот кон ЕУ.
Сто дена од работата на Владата. Премиерот Мицкоски вчера ги презентира резултатите од досегашната работа под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“.
Мицкоски, како што истакна на прес- конференцијата, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекувано, а состојбите се далеку од идеални. За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.
-Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600 илјади кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена – 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата, рече премиерот.
Мицкоски нагласи дека примарна задача и фокус била да се стабилизираат финансиските текови, да ги затворат буџетските дупки и да се справат со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада.
Уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот Устав, со одложено дејство откако Македонија ќе стане членка на ЕУ, е предлогот со кој македонската дипломатија веќе подолго време разговара со партнерите од ЕУ.