Петровска: Во одбраната и Армијата нема место за политика, сите сме застанати зад едно знаме

од Берта Китинска
189 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска побара поранешните и активните генерали да се вклучат во процесот на трансформација на системот за одбрана, кој продолжува и по членството во НАТО, за зајакнување на капацитетите и способностит.

-Во одбраната и Армијата нема место за политика, затоа што сите сме застанати зад едно знаме. Се заложив поранешните началници на генералштабот и членовите на клубот на генерали активно да се вклучат во новите студиски програми на Воената академија и се разбира, во сите форми на едукација на командата за обука и доктрини. Заедничката цел е преку широки консултации да продолжиме со процесот на трансформација и по членството во НАТО, а тоа да го направиме посветено и транспарентно. Да ги ангажираме капацитетите на целото општество, затоа што имаме една заедничка цел и заедничката визија за сите нас, а тоа е Република Северна Македонија да биде почитуван и ценет сојузник, столб на регионалната безбедност, изјави Петровска.

Слични содржини