Петровска за лажните дојави: Една од претпоставките е позицијата на С. Македонија во војната во Украина и застанување на страната на правдата

од Nikola Popovski
139 прегледи

Целта е да се предизвика паника и недоверба во институциите, но и паника кај населението. Координацијата е меѓу МНР и МВР, но и Министерството за одбрана кое со своите капацитети ги споделува информациите кои доаѓаат до нас. Ова е со цел да се направи поефикасна и побрза стратегија за дејствување, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за постојаните закани за поставени бомби во земјава.

Од искуствата на другите земји, кажа Петровска, се гледа дека за ваков тип на дејствувања, откривањето оди многу поспоро поради користењето на современи алатки на комуникација.

-Останува на институциите да работат уште посилно во зајакнување на сопствените капацитети. Реална закана за безбедноста на нашите граѓануи, но треба да работиме посериозно на откривање на причинителите. Може да имаме претпоставки зошто се случува ова. Една од тие, која што не ја исклучувам, е позицијата на РС Македонија во поглед на конфликтот во Украина и јасно застанување на страната на правдата. Главната цел кога ќе видите дека е психичка дестабилизација, тогаш сите претпоставки се отворени, рече министерката.

Слични содржини