Откако во јавноста се појави снимка од моментот кога член на обезбедувањето на Мицкоски нападнал полицајци кои вршеле службена должност, со објава на Фејсбук се огласи министерката за одбрана Славјанка Петровска.
„Тепачот мавта со прст и му се заканува на полицискиот службеник што сака да спроведе полициска акција за сузбивање на дрога…
Прашање 1: Со што му се заканува? За кратко доаѓаме на власт, ќе видиш!?
Прашање 2: Зошто другите полициски службеници не превземаат дејствија да го совладаат и уапсат веднаш?
Прашање 3: Уште колку дена ќе му требаат на Одделот за внатрешна контрола да го констатира очигледното.
Старото добро МВРО“, наведува Петровска.