Петровска за тужбата од Мицкоски: Не се појави на суд, Среќна нова 1949

од Vladimir Zorba
522 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата против пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште.

„Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу еднаквите. Среќна 1949 година – пишува Петровска на Фејсбук.