Петровска за убиството пред „Мавровка“: МВР криеше кои се убијците

од Milan1
107 прегледи

Кога Мицковски зборува за политички глодари, треба да се потсети на неговите некрофилски изјави во минатото. А сега да потсетиме на фактите за осомничените за убиството кај Мавровка. Убиството се случува на 20.8.2024 година, во сред бел ден, во центарот на Скопје. МВР соопштува дека еден осомничен е уапсен, се трага по вториот кој е во бегство. Имиња ниту пак иницијали нема, се вели во реакцијата на Славјанка Петровска од СДСМ.

„Ова е крајно невообичаено затоа МВР секогаш соопштува имиња или барем иницијали на приведените. Особено ако трага по опасен, вооружен криминалец, зарем не чувствуваа одговорност кон граѓаните да ги предупредат за лицето кое е вооружено и бега!? На 21.08.2024, 24 часа по убиството при мој телевизиски настап поставувам прашање: Зошто иницијалите на приведениот и оној по кој се трага се кријат?

Дали е тоа можеби затоа што двајцата се затвореници, кои се избегани од затвор и го сториле убиството? Одговор од МВР нема. После нов 24 часовен молк, и притисок од новинарите МВР срамежливо, но потврдно одговара на моето прашање. Денес, Премиерот на хартија, зошто појма нема што му се случува во државата, на оваа тема вели: да, избегани се, ама во време на СДСМ.

Ајде вака Премиерче на хартија: на 28 јануари 2024 година, е избрана нова Влада, во која по предлог на ДПМНЕ, министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, партиски адвокат и претседател на комисијата за правни прашања на ДПМНЕ( патем и пишувач на партискиот статут на ДПМНЕ во кој името на државата е избришано)

Истиот тој, тогаш и сегашен министер за внатрешни работи потпишува повеќе од 100тина решенија за распоредување на полициски службеници, меѓу кои и раководни лица согласно неговите убедувања. Па така началникот на СВР Скопје, кој да потсетам е задолжен за редот, мирот и безбедноста во градот Скопје е негов избор, не на СДСМ.

Е сега, кога има бегство од затвор, на сила стапува МВР, тие распишуваат потерница и имаат законска обврска за пронаоѓање на бегалецот. Кој е министер за внатрешни работи? Панче Тошковски. Кој го предалага него? Мицковски и ДПМНЕ. Што не ти е јасно тука? Одиме на вториот бегалец. Тој бега во месец јули, кога Министер за внатрешни е Панче Тошковски, а директор на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Целата структура во МВР е променета по налог на Панче Тошковски. Повеќе од 30 дена и овој затвореник е во бегство и МВР не го наоѓа.

Е сега имам нови прашања: МВР знаеле уште од април, односно јули месец дека двајцата затвореници се во бегство. Но, исто така знаеле и за каков профил на криминалци станува збор. Имено, од нивните досиеја и претходни дела знаеле дека се опасни, секогаш вооружени, корисници на наркотични средства и често агресивни и насилни. Знаејќи го ова, прашувам кои се оперативни активности биле преземени од денот на нивното бегство до кобниот ден на убиство на невин човек?

Колку пати биле проверени куќите и објектите за кои МВР од претходно имало оперативни сознанија дека тие ги користат. Дали биле применети посебно истражни мерки над нив и над членовите на нивните семејства? И конечно, како способните началници на Панче и МВРО дозволија овие опасни криминалци во сред бел да дојдат во центарот на градот и да извршат убиство? Колку за споредба, во време на СДСМ еден од овие затвореници беше успешно вратен во затвор, без во меѓувреме да стори убиство“, вели Петровска.

Слични содржини