786
По обвинувањата од опозицијата дека пратеникот Кастриот Реџепи бил киднапиран, пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска вели дека не ја сфаќа целата фама.
-Зборуваат за видеото на Реџепи. Па во Собранието, сите канцеларии на пратениците се со бели ѕидови. Не знам од каде сега споредба на видеа на терористички организации и видеото на Реџепи. Недозволиво е. Знам дека опозициските пратеници се разочарани од сопствениот лидер, изјави Петровска во емисијата „Само вистина“.
Според неа, поздравите од дипломатите и ЕУ како стратешки партнери, не одат во прилог на обвинувањата од опозицијата дека „овде имало режим“.