Доколку тврди така, Левица требаше да поднесе предлог-декларација со осуда на загинатите цивили во Донбас, доколку смета дека вчерашната Декларација во Собранието е еднострана. Какви проблеми ќе имаше сега доколку Левица беше фактор за формирање на Влада, кога пред неколку месеци со опозицијата се пофали дека „обезбедила ново мнозинство“. Среќа тие не се фактор за формирање влада, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска, говорејќи за фактот дека опозициската партија не гласаше во Собранието за усвоената Декларација со осуда на рускиот напад врз Украина.
Според министерката, оваа Декларација која вчера беше усвоена од Собранието е навистина за поздравување, особено затоа што политичките партии во најголем број се приклучија.
-Ако велите дека центарот на паника е на „Илинденска“, тогаш како го коментирате соопштението на министерот за земјоделство кој кажа дека имаме доволно залихи на пченка и пченица, во однос на изјава на Вучиќ. Имаше редовна седница на Совет на безбедност, од каде се соопшти дека стоковите резерви се доволни и достапни. Ги имаме од една страна официјалните соопштенија на Владата, а од друга страна толкувањата на центрите. Совет на безбедност не се свикува врз основа на разузнавачки информации секој ден, му се обрати Петровска на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски со кого гостуваат во емисијата „360“.