Изненадувачки е што ВМРО-ДПМНЕ се спои со луѓе кои беа напданти на 27 април од страна на некои активисти, вели поранешниот пратеник Филип Петровски во „Студио 10“.
-Во овој случај на иста маса седат идеолошски спротивставени политчки субејки.Одозгора на тоа седи и Левица која има сосема различни размисли за тоа како треба да се движи иднината на Македонија.Ова мене ми делува како еден комплот на желби, немам ништо против ако сакаат да ја срушат владата, но ова соединување според мене има само една цел, а таа да падне владата, вели Петровски.
Тој коментира дека е несфатливо како би се споиле желбите на Села и Апасиев доколку би биле заедно во ВМРО-ДПМНЕ и би формирале влада.
-Според идеологијата на партиите треба да се отповика признавањето на Косово, Јужна Кореја, Израел …како би го спровел тоа господинот Мицкоски тоа мене навистина ме интересира, да не кажам во шега дури би му дал и ограничен мандат за да видам како тоа тој би го спровел. Како желбите на Села и Апасиев би ги споил во живо само за да седи во премиерската фотелја, коментира Петровски.