„Мицкоски е самонаречен кандидат за мандатар, тој беше само шпицен кандидат на билбордите кој сам си ги поставуваше. Јасно е дека кандидат за мандатар може да биде оној кој победил на изборите, изјави Филип Петровски за емисијата „Само вистина“ кој порача дека, како што рече, за жал Мицкоски не е препознаен како автентичен кандидат.
Петровски оцени дека лага е наводната демократизација на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното менување на статутот на партијата.
„Ќе се случи оставка на Мицкоски. Тој нема поддршка од надвор од штабот, освен од неговите „кои го тапкаат по рамо“, изјави Петровски.
Тој порача дека убаво би било да се сретне на дуел со некој од поддржувачките на Мицкоски со кои се тотално идеолошки различни и за кои Петровски констатираше дека „комплетно забегале“.