Петрушевска кон Османи: Словенија е наш партнер, верувам дека вашата „опомена“ заталкала во каналите на политиканството

од Vladimir Zorba
338 прегледи

„Словенија е наш партнер и силен поддржувач на европската интеграција на Македонија. Би сакала да верувам дека не сте соодветно информирани па затоа вашата „опомена“ заталкала во каналите на политиканството. Сакам да ви помогнам и да ви укажам дека истата е потребно да ја адресирате до г-динот Зоран Заев, вашиот коалиционен партнер“, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Петрушевска.

„Ширењето на лажните вести зготвени од кујната на вашиот коалиционен партнер не водат кон мостови на соработка и почит, а сигурно не и кон ДАТУМОТ за отпочнување на преговори со ЕУ.

Имајќи во предвид дека Словенија претседава со Советот на ЕУ од втората половина на 2021, апелирам дневното политиканство да го оставите настрана и покажете стратешки пристап и партнерски однос, а креаторите на лажните вести од вашите редови да ги советувате (опоменете) и повикате на одговорно и европско однесување. Време е за европски вредности, видливи резултати и подобар живот“, смета таа.

Слични содржини