Петрушевски: Дали Фрчкоски користи кокаин и дали е подготвен да направи јавен нарко тест?

од Nikola Popovski
385 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска сподели информација со јавноста, која се појавила на социјалните мрежи. Според Петрушевски, функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски бил виден како користи кокаин.

Петрушевски вели дека не е сигурен во објавеното, но смета дека граѓаните заслужуваат одговори.

-Јон Фрчкоски е синче на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во владите на СДС, несуден дипломат и еден од татковците на криминалната транзиција. Неговото синче пак, Јон Фрчкоски, на прес-конференции тврдеше дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани. Бидејќи тоа е точна констатација со која се согласуваме, јавно го прашуваме Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин? Ако тоа е точно, дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор? Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушевски праша и кој е ставот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за ваквата ситуација.

Фрчкоски пред шест месеци беше избран за нов директор на партискиот Центар за истражување и анализа во СДСМ.

Ваквите обвинувања следуваат откако Фрчкоски вчера праша зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата за трагедијата во Кочани. Тој упати уште неколку прашања до надлежните институции.

-Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил? Ова се легитимни прашања на кои истрагата треба да даде одговор, рече Фрчкоски.

Слични содржини