На прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ги обвини функционери на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за претворање на синдикатот во „приватна банка“. Според информациите кои ги презентираше, функционерите како Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, извршуваат неетички практики кои вклучуваат значителни приходи надвор од нивните редовни плати.
„Според информациите кои пристигнаа од извори во ССМ, функционерите Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и други го претвориле синдикатот во приватна банка. Трпе Деаноски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи кои, кога ќе се пресметаат на годишно ниво, достигнуваат значителна сума. Според податоците, Деаноски лани и до сега годинава вкупно заработил над 1,8 милиони денари, или околу 30.000 евра, додека јавноста се лаже за минималната плата“ изјави Петрушевски.
Тој нагласи дека Деаноски за една година заработил колку што еден работник со минимална плата би заработил за цели шест години. Петрушевски ги обвини овие функционери за блискост со СДСМ и за злоупотреба на своите позиции.
„Сметката покажува дека за една година, Деаноски заработил колку што еден работник со минимална плата би заработил за 6 години. Овие функционери во ССМ се сметаат за близок пријателски круг на СДС“ заклучи Петрушевски.