Петрушевски: Џафери не ја заслужува функцијата технички премиер, ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме обврска да ја поддржиме оваа влада

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека принципиелен став на ВМРО-ДПМНЕ е и длабоко уверување на поддржувачите дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер.

„Не се работи за собирање на политички поени се работи за принципиелен став на ВМРО-ДПМНЕ, наше длабоко уверување и на нашите поддржувачи е дека Талат Џафери не е достоен и не ја заслужува функцијата на технички премиер. Дополнително што истиот е избран можеби формално согласно закон меѓутоа суштински различно од она што го вели законот а тоа е дека техничкиот премиер го номинира владејачката партија која што е најголема во собранието во случајот СДСМ за жал целата македонска јавност вклучително и ние дознавме дека технички премиер ќе биде Талат Џафери после извршниот одбор на политичката партија ДУИ што го докажува она што ние во континуитет го тврдиме а тоа е дека СДСМ во суштина е помалиот коалиционен партнер. ДУИ го избра СДСМ по принципот послушник на ДУИ си го прифати тој предлог и си го бранат понатаму“ нагласи Петрушевски.

Петрушевски додаде и дека СДСМ во случајот е помалиот политички партнер во владата а главната карика во владата, главните конци во владата ги држи ДУИ.

„СДСМ во случајот е помалиот политички партнер во оваа влада. Главната карика во владата главните конци во владата ги држи ДУИ. СДСМ е само извршителот како добар слуга на наредбодавателот ДУИ. Она што не го објасни колешката од СДСМ е фактот што премиерот во неговата изјава дека ќе доставел празни места во делот на владата што припаѓа на опозицијата го заборавил членот 3 од законот за влада каде што во ставот 2 изрично стои дека при предлагањето на составот на владата мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Значи формално правно не може мандатарот да достави влада без да ги пополни сте министерства и оние министерства без ресор. Клучната разлика помеѓу политичка и техничка влада е тоа што оваа влада не е коалициска. Ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме никаква обврска да ја поддржиме оваа влада“ нагласи Петрушевски.

Слични содржини