Петрушевски го нарече колегата Митрески „слуга на Талат Џафери“ и го обвини за ширење лажни вести

од Nikola Popovski
251 прегледи

Пратеникот Бране Петрушевски денеска го демантираше неговиот колега од СДСМ, Јован Митрески по вчерашната изјава за предлог-законот за бранители. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ го нарече Митрески „слуга на екс-спикерот Талат Џафери“ и дека „бесрамно ја лажел јавноста“.

-Фактите се јасни: Ковачки воопшто не е во Македонија, а јас не можев да гласам бидејќи единствената комисија што се одржа вчера беше Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, каде што не сум член и немам право на глас! Ова е уште еден очаен обид на СДС-ДУИ-Левица да ја сокријат својата немоќ и паника од поразот што им следува на изборите. Но, колку повеќе лажат, толку побрзо ќе ја видат вистината токму на изборниот ден, објави Петрушевски откако вчера Митрески ги обвини колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на СДСМ вчера ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека се против решавање на статусот на бранителите. Им порача „ако досега се криеја зад Африм Гаши, денеска го покажаа вистинското лице“. Како што вели пратеникот, неговите колеги гласале против на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието да се закаже седница за да се реши статусот на бранителите.

-Еве ги сликите кои тогаш ги покажуваа и со кои условуваа носење на други закони се додека не се донесе Законот за бранители. Денеска истите тие пратеници кои тогаш, пред носењето на други закони, нарекуваа дека тоа е политичка шизофренија истите тие денеска го блокираа законот за решавање на статусот на бранители. Овие лицемери денеска гласаа против бранителите и денеска може да се констатира дека пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ како мнозинство во ова Собрание, се што кажаа излажаа, рече меѓу другото екс-претседателот на Собранието во техничката Влада, покажувајќи фотографии од Петрушевски и Драган Ковачки.

Изедначување на сумата која треба да ја добијат членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили и изедначување на надоместокот за претрпена душевна болка во периодот од 2000 година до ден денешен, предлага екс-министерката за одбрана, сега пратеничка, Славјанка Петровска.

Предлогот, преточен во измени на Законот за посебни права на безбедносните сили, ги опфаќа семејствата на загинатите или починати припадници на Армијата и  министерството за внатрешни работи (МВР), како и на семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во 2008 година, на загинатите припадници на МВР во авионската несреќа, кога загина и претседатот Борис Трајковски, во хеликоптерската несреќа во Струмица во 2014 година, во Диво Насеље, во 2015 година и на починатите и загинати во вршење на службени должности во периодот од 1991 до 2024 година.

Слични содржини