Петрушевски: Година ипол затвор за 14 загубени животи – јавноста згрозена од пресудата за трагедијата во Тетово

од Марта Пешевска
122 прегледи

По речиси четири години од трагедијата во која животот го загубија 14 лица во модуларната болница во Тетово, денеска судот изрече казни што предизвикаа огорченост во јавноста,рече пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес-конференција, прашувајќи се како е можно за 14 изгубени животи да се изречат толку благи казни. Флорин Бесими, тогашен директор на Клиничката болница во Тетово, и Артан Етеми, економски директор, добија по една година и шест месеци затвор.

Болницата, како правно лице, е казнета со симболични 16.000 евра. „Срамни и понижувачки пресуди“, изјави Петрушевски

Семејствата на загинатите и јавноста остануваат со горчина и чувство на неправда.