Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска на прес-конференција порача дека ако главниот обвинител Љупчо Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДСМ од одговорност.
-Главниот обвинител Коцевски доби два црвени картони, првиот од народот директно кој нема доверба во него ниту 2% и вториот од народот преку пратениците со интерпелацијата. Главниот обвинител Коцевски е свесен дека народот не му верува, и дека со ништо не покажал дека се труди тоа да го смени.
Единствено нешто кое што Коцевски го прави, е да се држи до СДС, кои мораа да ја напуштат глумата на мачка и глушец, и да се соголат целосно, јавно бранејќи го во Собрание, рече Петрушевски од седиштето на неговата партија.
Пратеникот го прашува Коцевски „дали се срами кога СДСМ мора да го бранат“.
-Или тоа природно му доаѓа како контра услуга за сите функционери кои им ги спаси од кривична одговорност?
Како може Коцевски да продолжи да биде главен обвинител, кога знае дека ниту еден случај за кој во изминативе години имаше низа докази излезени во јавноста не обезбеди пресуда? Доколку Коцевски има грам доблест, ќе си даде оставка веднаш, затоа што кредибилитет одамна нема, истакна Петрушевски од партиската говорница.