Петрушевски: Левица додека гласно „се бори“ против трошење на државни пари, истовремено од Буџетот зема преку 250.000 евра годишно

од Nikola Popovski
330 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски обвинува дека Левица е дел од коруптивниот систем. Според него, партијата не е алтернатива туку само, како што вели, новата верзија на старата корупција.

Преку објавата на социјалните мрежи, пратеникот ги наброи дел од обвинувањата.

-Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“ два пати станува пратеник и зема плата од народни пари. Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“ станува редовен универзитетски професор, без јасни критериуми за неговиот интелектуален и морален кредибилитет.

Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“, земаше високи хонорари од СЈО да дели памет за правда.

Партијата Левица, додека гласно „се бори“ против трошење на државни пари, истовремено од Буџетот зема преку 250.000 евра годишно. Кога станува збор за местење тендери и партиски вработувања, Левица се истакна преку своите директори во КИЦ, Музејот на град Скопје, Библиотеката „Браќа Миладиновци“, како и преку замениците во ЈП Водовод и ЈП Градски паркинг.

Дали ова ви изгледа како антисистемска борба, или како класично политичко лицемерие? Граѓаните заслужуваат принципиелни политичари, а не нови манипулатори во старата матрица, нагласува Петрушевски во објавата.

Слични содржини