Петрушевски: Не можам да преудицирам дали другарот на возачот на Ахмети ќе почне да работи како државен јавен обвинител

од Nikola Popovski
103 прегледи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски тврди дека нема да има спектакуларни апсења, како што имало во минатто од страна на претходните влади.

-Народот или медиумите доколку очекуваат дека ќе гледаат на видеа апсења, легнувања на земја, влегување во четири саат сабајле кај функционери и такви крими-филмови – нема да има бидејќи ќе работиме строго по закон, почитувајќи презумција на невиност и овозможување на независно судство, кое ќе суди врз база на докази, рече пратеникот во емисијата „Само вистина“.

Петрушевски очекува во наредниот период да има соодветни процесуирања од соодветните институции околу „криминалите на ДУИ“.

-Не можам како пратеник да преудицирам дали другарот на возачот на Али Ахмети ќе почне да работи како државен јавен обвинител или нема да процесуира криминалите на ДУИ. Нудиме проект за да ги разрешиме овие судии и обвинители, кажа пратеникот.

Слични содржини