Петрушевски: Орданоски од уста не ги вадеше американските демократски вредности, сега сврти курс и почна да сее омраза

од Nikola Popovski
89 прегледи

Продолжуваат критките на ВМРО-ДПМНЕ кон новинарот Сашо Орданоски. Од партијата велат дека во отсуство на идеи и немање на јасни политики за дејствување, СДСМ преку нивните т.н. експерти и новинари шират невидена хистерија, критики и навреди. Партијата го поврзува новинарот со опозицијата.

-Еден од истурените мегафони на СДС, многу близок и човек кој важи за советник Венко Филипче, Сашо Орданоски јавно во гостување на национална телевизија со најбрутални критики и навреди го нападна американскиот претседател, Доналд Трамп. Во истоименото интервју, Ордановски си зема за право не само да ги критикува политиките на актуелниот американски претседател, туку и со погрдни зборови да го навредува. Орданоски е човек кој од уста не ги вадеше американските демократски вредности, сега наеднаш сврти курс и од устата почна да сее само омраза за таа демократија, рече пратеникот Бране Петрушевски, прашувајќи дали лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку Орданоски ја нарече „американската политика неонацистичка“?

„Филипче да каже дали тргна по паметот на Левица и сега даде насока на своите советници да ги напаѓаат САД“, додаваат од најголемата владеачка партија.

Релативно лошо образуван човек и исклучително нарцисоидна личност со мали културолошки познавања и неонацистичка реторика – ова накусо беше описот што Орданоски го даде за амаериканскиот претседател Доналд Трамп. Меѓу другото рече и дека Путин го намачкал Трамп на лепче и дека првиот човек на најмоќната држава на светот бил на страната на злото и идеолошки заљубен во рускиот претседател.

По реакциите од јавноста и владеачката партија, вчера се огласи и самиот Орданоски. На шеговит начин во емисијата „Политиканти“ објасни дека „фрлил петарда во кокошарник и почна да летаат пердуви во последните 24 часа“.

-Мислам дека во три часот сабајле ги будеа ботовите да се јавуваат. Денеска телефонот го полнам најмалку четири пати. Стотици луѓе ми се јавуваат од кои дел не ги ни познавам. Ми се јавуваат од кафеани, тотално непознати луѓе…Воодушевени се, не од смисла од тоа што сум го говорел туку воодушевени од тоа што можат да размислуваат од тоа што ги гуши од вмровската пропаганда 24 часа дневно. Од примитивната машинерија која ти вика „вака ќе мислиш, немој поинаку да мислиш“…Ги гледам како полека се опуштаат луѓето, рече вчера Орданоски во емисијата.

Слични содржини