253
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска порача дека неговата партија останува на ставот дека Преспанскиот договор не е завршена работа. Според него, позади таквиот став стојат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги лечиме симптомите, а болеста ќе ја лечиме откако ќе ја добиеме можноста да владееме, така што нема тука никаков спор. Без грижи. Преспанскиот договор за нас не е завршена работа и никогаш нема да биде. Она што се случува се штетните последици од тој договор кој што вие го потпишавте – ги лечиме симптомите од таа болест, рече Петрушевски во емисијата „Студио 10“.