Петрушевски: СДСМ молчи – трет член на партијата фатен со дрога

од Nikola Popovski
153 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски информира дека СДСМ молчи за трет партиски активист фатен со дрога во последните неколку месеци. Имено пред 3 дена, велат од партијата, Слаѓан Марковски од Гостивар е фатен со 12 пакувања кокаин и кеш.

-Ова е трет партијаш по Јон Фрчкоски и Андон Стојков кој за само неколку месеци е фатен со дрога. Дали СДСМ и Венко Филипче ќе се откажат од Слаѓан Марковски или ќе се кријат како што се криеја за Андон Стојков?

СДСМ е партија која се претвори во заштитник на криминалци, истакна Петрушевски.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ објавија фотографии од Филипче и екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со Андон Стојков, екс-лидерот на младината на СДСМ во Струмица кој неодамна беше фатен со дрога во Штип.

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ Јон Фрчкоски се повлече од функцијата во партијата откако денеска ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со информација дека користи наркотички супстанци. Во оставката за која информираше и на Фејсбук, Фрчкоски соопшти дека ја поднесува од морални причини.

– Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ, но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ. Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ, напиша неодамна тој.

Претходно, на прес-конференција Петрушевски го повика Фрчоски да одговори дали користи наркотички супстанци.

Слични содржини