Петрушевски се дообјаснува: Можеби сум ја помешал бојата на кола на Апасиев ама не и фактот дека поседува скапо возило

Пратеникот се дообјасни откако првично објави лажна вест дека возилото на неговиот колега од Собранието, Апасиев било пропуштено од синдикалците кои протестираа

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: Фејсбук

Пратеникот Бране Петрушевски се дообјасни откако првично објави лажна вест дека возилото на неговиот колега од Собранието, Димитар Апасиев било пропуштено од синдикалците кои протестираа. Вели дека само „го пецнал Апасиев, а тој ја истурил целата фрустрација“.

„Забележав дека моја објава била споделена и коментирана од Апасиев, а бидејќи ги забранил коментарите, ќе му пишам тука: Благодарам за одговорот Апасиев. Можеби ете, сум ја помешал бојата, ама не и фактот дека поседуваш скапа кола, додека јавно се претставуваш како аскет.

И, да, погодив и за твоето ниво на култура, за што потврда е твојот „академски” речник, полн со навреди и фрустрации. Штом вака бурно реагираш, не сум бил далеку од вистината.

Поздрав, до следната твоја монтажа за мене“, стои во јавната објава на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Синоќа лидерот на Левица ги демантираше тврдењата на Петрушевски, велејќи дека неговото возило има друга боја и дека пешки дошол до Собрание поради блокадата од работниците и синдикалците.

Апасиев до Петрушевски: Си ја помешал мојата кола – јас дојдов пешки до Собрание, а тебе не те избраа ништо во партија

Слични содржини