Петрушевски со нови детали за „Тајни имоти“: Алберт Муслиу и Ивица Јевтиќ не поднеле анкетни листови

од Nikola Popovski
323 прегледи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска изнесе нови детали во врска со аферата „Тајни имоти“ за функционери што сокриле имот, што вчера за првпат ја соопштија од најголемата опозициска партија. Според Петрушевски, дел од аферата е политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

-Алберт Муслиу на 19-ти декември 2017-та година е именуван за претставник определен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Муслиу пет години нема поднесено анкетен лист до Антикорупциската комисија. Што крие Муслиу? Според нашите истражувања Муслиу на сопствено име поседува куќа во Скопје од 118 м2 и стан во Центар од 81 м2. Муслиу се јавува и како основач и сопственик на повеќе правни лица и Здруженија на граѓани. Имено тој е основач на Здружението Институт за мир и безбедност и истражување на политики КОНИЦА Скопје, како и на фирмата за трговија МАКРО МЕД, истакна Муслиу.

Пратеникот го обелодени и името на адвокатот Ивица Јевтиќ, кој според Петрушевски, е „најпознатиот адвокат на СДСМ“.

-Од анализата која ја направивме може да се види дека Јевтиќ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015-та година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020-та година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Јевтиќ покрај тоа што е адвокат на СДС и тој самиот бил партиски функционер, како член на Надзорниот одбор на партијата. Јевтиќ е и адвокат на голем број на општини додека СДС беа на власт во локалната самоуправа, како што е примерот со општината Кисела Вода. Воедно, воедно Јевтиќ е член и на Македонско Бугарската Стопанска комора, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен нив двајца, според најголемата опозициска партија, „имот крие и директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски и Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово“.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на новинарско прашање одговори дека нема никакви сознанија за ваквата афера.

-Се што имаат ВМРО-ДПМНЕ како одредени индикации треба да го достави до ДКСК, рече кратко премиерот.

Слични содржини