Петрушевски: Точно знаеме кој го координира Трендафилов, ССМ е киднапирана

од Nikola Popovski
69 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ упорно тврди дека ССМ е под влијание на СДСМ, а во денешното партиско соопштение тврди и дека е „киднапирана“ од најголемата опозициска партија. Пратеникот Бране Петрушевски денеска преку прес-конференција постави прашање до првиот синдкалец во државата, Слободан Трендафилов „да каже колку тајни состаноци имал со СДСМ и со кого се координира пред секој настап“. Оценува дека во редовите на СДСМ и ССМ владее паника.

-Трендафилов да каже дали планот на СДС кој го спроведува, тој е предвреме осуетен од самите работници, кои го разоткрија, па СДС се приклучија со наводни предлози и решенија цела недела порано? Точно знаеме кој и како го координира Слободан Трендафилов.  Паниката е огромна и кај Слободан Трендафилов и кај СДС. А тоа се гледа и низ делувањето внатре во ССМ, каде на секој месец до два се менува Статутот. Од што се плашат Трендафилов и СДС и што кријат од синдикалците?, праша меѓу другото Петрушевски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан дали синдикалците можат да се надеваат на 500 евра минимална плата од април, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа зависи дали ќе се договорат со работодавачите на Економско-социјалниот совет. Но доколку се мисли на предлогот, како што вели, на здружената опозиција СДСМ, Левица, ДУИ и ССМ за Владата да субвенционира до 30 илјади денари, Мицкоски жали што Синдикатот се претвора во „партиска бина на коалиција СДСМ, Левица и ДУИ“.

Во меѓувреме повторно се огласи и претседателот на ССМ, Трендафилов. Објави две реченици на својот Фејсбук профил.

-Ние работниците се бориме за корка леб, тие политичарите за гола политика! Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба, напиша тој.

Сојузот на синдикати постои од 1948 година.

Слични содржини