Петрушевски за еколошката такса: Ќе го блокираме законот, со оваа фискална давачка ќе удриме по економијата

од Nikola Popovski
402 прегледи

Со оваа фискална давачка нема да има поместувања од аспект на заштитата на животната средина. Исклучиво ќе удриме по економијата и по стандардот на граѓаните и ништо повеќе, смета пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, говорејќи за еколошката такса во емисијата „24 анализа“.

Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите можни демократски алатки да го блокира донесувањето на овој закон.

-Воведувањето на некаква си еколошка такса, која неправилно ја именуваат. Ниту имаме некакво образложение како таа ќе влијае и какви еколошки импликации ќе има, а јас тврдам дека ќе нема, освен фисканлни импликации во време  кога јавниот долг расте, а тие треба да наоѓаат сретства да го полнат буџетот, изјави Петрушевски.

Слични содржини