438
Концептот на охридските плажи ќе ни биде шанкчиња од природни материјали, 50 % искористеност на плажите со лежалки и 50% да бидат слободни за граѓаните, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков за емисијата „Топ тема“.
Доколку стане градоначалник, Пецаков вели дека ќе ѝ подаде рака на Владата за развој и заштита на Охрид, иако централната власт е моментално во рацете на СДСМ.
-Охрид е втор град по важност за напредок и мораме сите да работиме заедно за него, рече Пецаков.