Охридски пливачки маратон ЌЕ ИМА!За таа цел Општина Охрид ќе обезбеди 2 милиони денари за непречена организација Охридскиот пливачки маратон, нинформира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
-Неизмерна е среќата и задоволството што ги чувствувам, воден од фактот дека Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Охридскиот пливачки маратон, не е само спортска манифестација. Тој е многу повеќе од тоа. Тој е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас се исправија големи препреки. Водени од помислата дека маратонот опстоил 60 години, опстоил и во можеби многу потешки времиња од сегашните и дека во него животен труд вложиле плејада охриѓани, успеавме да ги надминеме препреките. Изразувам голема благодарност до Охриѓани и бизнис заедницата од градот, но и надвор од државата кои во неполни 24 часа изразија подготвеност да помогнат финасиски и логистичи во организацијата на маратонот.Агенцијата за млади и спорт во Охридскиот пливачки маратон ќе учествува со 10 000 евра кои ќе бидат наменети за наградниот фонд, вели Пецаков.