Петта победа во АБА 2 за МЗТ Скопје

од Aleksandar Petrovski
300 прегледи

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија петтата победа во АБА2 лигата по триумфот над Сплит од 70:64.

Составот на Ѓорѓи Кочов успеаја да слави и да остане на делба на врвот на табелата.

Сплит одигра добро прво полувреме и замина на одмор со позитива од 27-34.

Македонскиот првак направи пресврт во вториот дел, по што до самиот крај можеше да се проследи апсолутно неизвесен меч, кој на крајот заврши со конечните 70-64 за домаќините.

Капитенот Стојановски беше прв играч на овој натпревар со 24 поени, а двоцифрен ефект имаше само уште центарот Крстевски, кој го заврши мечот со 12 поени и осум скокови.

Слични содржини