Петта среќа: Познатата зајачица повторно застана на лудиот камен

293 прегледи

Памела Андерсон тајно се омажи за продуцентот Џон Петерс по кратка и тајна романса, јавуваат американските медиуми. 52-годишната плејбој зајачица и 74-годишниот филмски продуцент наводно се венчале во Малибу, а на церемонијата биле присутни и нивните деца.

Петерс потврдил дека тој и Паменла се венчале по неколку месечна врска. Тие се запознале пред 35 години, а кратко биле во врска и во 1989 госина. Петерс рекол дека можел да ги има сите девојки кои ги сакал, но ја сакал само и единствено Памела.

„Отсекогаш ја сакав само неа, иако можев да ја имам секоја. Таа се излудува на позитивен начин. Таа е многу повеќе од она што го гледате, инаку не би ја сакал толку многу“, рекол 74-годишниот продуцент.

И менаџерите на Памела ја потврдиле венчавката.

„Отсекогаш е некако тука и не ме изневери. Сега бев подготвена и тој исто. Се почитуваме и размислуваме, се сакаме безусловно. Среќна сум. Ова е доказ дека Бог има план“, рекла Памела.

Ова ѝ е петти брак. Минатата година ја прекина врската со 18 години помладиот фудбалер Адил Рами кој наводно ја изневерувал со поранешната сопруга.

Слични содржини