Петте изненадувања на Тереза ​​Меј

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Image_5721277_126

Најмногу шокантната вест беше назначувањето на Борис Џонсон за министер за надворешни работи на Велика Британија во момнетот кога Тереза Меј стана премиер на Велика Британија на 13 јули, откако Дејвид Камерон се повлече поради Брекзитот.

Еве ги првите пет изненадувачки работи кои Меј ги направи откако стана премиер. Ова е направено според американското издание USA Today.

1. Назначувањето на Борис Џонсон за министер за надворешни работи. Можеби најголемиот шок за британската јавност дојде уште во првиот работен ден на Меј како премиер со назначувањето на поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон за министер за надворешни работи. Роден во Њујорк Џонсон има изразена склоност кон недипломатиски коментари. И додека премиерот Меј е на одмор во Швајцарија, Џонсон во моментов е највисокиот политичар кој останал во Велика Британија.

2. Таа не живее на Даунинг стрит. Меј и нејзиниот сопруг Филип го отфрлија Даунинг стрит како официјална резиденција на премиерот на Велика Британија и се преместија на №11 – во наместен стан во соседството.

3. Ја налути Кина преку забавување на проектот за нуклеарната централа. Меј го провоцира гневот на дипломатскиот претставник на Кина во Британија, кога кон крајот на јули таа го одложи одобрувањето на нов нуклеарен реактор за нуклеарната централа “Хинкли Поинт” во југозападна Англија. Проектот за 23 милијарди долари се финансира од кинески снабдувач на нуклеарната енергија и француската енергетска компанија EDF. Меј има грижи за учеството на Кина во таква критична инфраструктура и сомнежи дали проектот е ефективен.

4. Закажаз состанок со Путин. Овој месец британскиот премиер разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин. Во соопштението од кабинетот од 9 август се вели дека Меј се надева дека тие ќе можат да “комуницираат на отворен и искрен начин за прашањата кои се со најголемо значење”. Во телефонскиот разговор двајцата лидери се согласиле дека граѓаните на Русија и Велика Британија се соочуваат со општите закани на тероризмот и дека ќе одржат преговори на самитот на Г-20 во Кина во септември.
5. Ја обвинија дека го “разградува” општеството и прифати обработка на шкрилци за проиводство на гас. Меј се соочи со обвиненија за “поткуп”, откако овој месец владата претстави план за готовински плаќања за семејствата погодени од проиизвоството на шкрилци за гас. Фондот е во вредност од 1,3 милијарди долари. Владата тврди дека планот гарантира дека придобивките од развојот на производство на гас од шкрилци ќе ги извлечат локалните заедници.