Петте најголеми ЗАВОДНИЧКИ во зодијакот

од Vladimir Zorba

Кои се најголемите заводнички во хороскопот? Your Tango дава одговор на тоа прашање.

1. Овен: Заводничка од соништата

Таа е способна да ги користи туѓите животни фантазии и да се прилагодува. Што и да сака некој тајно – било да е тоа романса, авантура или духовна врска – може да му го даде.

2. Бик: Сензуална заводничка

Биковите се многу сензуални и знаат да ги искористат сите свои сетила за да угодат. Тие се допираат, користат есенцијални масла, готват вкусна храна и генерално прават да се чувствувате разгалено и згрижено. Ваквата заводничка не се фиксира на тоа што мисли нејзиниот партнер за врската.

3. Близнаци: Интригантна заводничка

Таа фасцинира со својата способност да зборува на која било тема, да се поврзува со луѓето на подлабоко ниво и да разговара на таков начин што ќе се чувствувате слушнато. Таа е фасцинантна и никогаш не останува без теми за разговор.

4. Рак: Грижлива заводничка

Користи љубов и грижа за да заведе. Можеби не звучи толку секси, но кога некој ќе го фокусира вниманието и љубовта на вас, тоа може да биде многу моќно. Таа користи работи како музика, убавина на природата и удобност за да заведе и маѓепса.

5. Лав: Харизматична заводничка

Со вишок на самодоверба, сексуална енергија и шарм, не е ни чудо што луѓето гравитираат кон Лавовите. Знаат што да кажат за да заведат некого и ги користат своите вештини за да откријат што е сржта на нечие битие и да откријат што навистина сакаат. Тие даваат најсовршени, внимателни подароци. Харизматичната заводничка е софистицирана и никогаш не е груба или недискретна.

Слични содржини