Петти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино

од Nikola Popovski
149 прегледи

Веќе петти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино кој исчезна на 30-ти јануари. Неговите другари бараат посериозна акција за негово пронаоѓање. Тврдат дека целата ситуација мора да се сфати сериозно.

-Да беше политички случај сега секаде ќе се трубеше, но, не е ни па родителите на Миле не се функционери ниту се политички определени…Каква е оваа незаангажираност? Зарем вие немате чуство и емпатија? Ова е млад човек заслужува внимание да не дозволиме да биде игнориран овој случај. Ова дете дома го чекаат, стои во еден од апелите на социјалните мрежи.

Последен пат е виден 30.1.2025 (Четврток) во Марена околу 10 часот носејќи работничко одело со бело палто и црн елек.

Во петокот, од СВР Велес изјавија дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот.

-Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.

Вчера беше соопштено дека мобилниот телефон на Миле бил пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, во близина на местото познато како Три багрема. Роднините додаваат дека Миле може да биде било каде, не само во областа каде беше пронајден неговиот мобилен телефон, и потрагата треба да биде опсежна, бидејќи можеби се наоѓа на сосема друга локација.

Слични содржини