328
Во петтиот пакет мерки покрај помошта на компаниите, една од клучните мерки е отпишување на каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија.
Според проценката на властите со оваа мерка ќе бидат опфатени најмалку 180 илјади граѓани, бидејќи според досегашните проверки оваа бројка одговара на блокираните сметки на граѓани.
„ Македонија има 180 илјади блокирани сметки. Тоа се 180 илјади семејства коишто не можат да функционираат нормално. Најмалку бројот на тие којшто ќе биде опфатено со оваа мерка е 180 000.Како директна помош за граѓаните ќе биде отпишувањето на каматите од долговите кон јавните претпријатија поради кои 180 илјади граѓани имаат блокирани сметки, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.