Петтото издание на „Парадата на гордоста“ на 22. јуни

од Nikola Popovski
315 прегледи

Под мотото „Спектакуларно непослушни” ќе се одржи овогодинешната „Парада на гордоста“ и по тој повод Националната мрежа против хомофобија и трансфобија најавува прес-конференција која ќе се одржи на 26 мај (недела), 2024 година, со почеток во 11 часот, во социјалниот клуб Комитет (лоциран на приземје во катната гаража Беко).

На прес-конференцијата ќе се обратат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар и Ангел Димитриевски, извршен директор на ЕКВАЛИС.

Петтото издание на „Парадата на гордоста – Скопје“ ќе се одржи на 22 јуни, а програмата ќе содржи и неколку новини кои ќе ги соопштат организаторите.

-Парадата на гордоста е исклучително важна форма на протест на ЛГБТИ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, а медиумската поддршка е од суштинско значење во борбата за еднаквост на маргинализираните групи.

Минатите изданија на Прајдот покажаа дека најголемиот дел од медиумите за овој настан известуваа професионално и согласно етичките новинарски стандарди. Се надеваме дека позитивниот тренд на информирање за ЛГБТИ + темите низ призмата на човекови права ќе продолжи и оваа година, стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Слични содржини