„Пежо 108“ удрило во малолетен пешак од Скопје

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Љуба Ивановиќ“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо 108“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(57), удрило во малолетен пешак од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, тешките телесни повреди со кои се здобил пешакот во незгодата, се констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.