Pfizer отпушта персонал и при рекорден промет во 2021 година

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Фармацевтската компанија Pfizer објави дека намалува дел од својот оддел за продажба во Соединетите држави во позадина на рекордните приходи од продажба од над 80 милијарди во 2021 година, пренесе Ројтерс.

Според компанијата, лекарите и другите здравствени работници веројатно ќе сакаат помалку личен контакт со фармацевтските трговци по завршувањето на пандемијата, а состаноците ќе бидат повеќе во сајбер-просторот.

Pfizer проценува дека половина од состаноците ќе се одржат на далечина.

Компанијата не прецизира колку работни места ќе затвори.

Според извори запознаени со ова прашање, Pfizer ќе отпушти неколку стотици луѓе.

Фармацевтската компанија очекува да има уште поголеми приходи оваа година, достигнувајќи сума од 100 милијарди долари. Речиси половина од нив треба да дојдат од продажбата на вакцината за Ковид-19 и новиот лек за лекување на КОВИД-19.

Вакцината и лекот ќе се продаваат директно на владите.

Слични содржини