Третата доза Pfizer го намалува ризикот од инфекција со коронавирусот за повеќе од 80 проценти

од Vladimir Zorba

Третата доза од вакцината Pfizer против коронавирус го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или повеќе преку заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат.

– Проценивме дека ризикот од инфекција е намален за дополнителни 83 до 87 проценти најмалку две недели по примањето на „бустер“ дозата – потврдија истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил, според списанието JAMA Internal Medicine.

CNN објави дека тимот на Јеил следел повеќе од 300.000 луѓе на возраст од 40 и повеќе години кои примиле две или три дози од вакцината Pfizer преку здравствената служба Макаби во Израел.

Истражувачите откриле дека 6,6 отсто од луѓето кои примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние кои примиле три дози биле позитивни на тестови спроведени од август до почетокот на октомври, што претставува намалување на ризикот за 86 отсто.

Слични содржини