Пиењето кафе може да влијае на спречувањето на развој на Алцхајмерова болест

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Со години кафето е поврзано со здравствени ризици. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има корисни ефекти врз здравјето.

Истражувачите од Универзитетот во Верона откриле дека кафето еспресо го спречува насобирањето на тау протеинот, кој е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа ги прави акумулациите на наведениот протеин помалку токсични за мозочните клетки.

„Овие резултати даваат увид во невропротективниот потенцијал на кафето еспресо. Овој пијалок, кој често се конзумира, е извор на природни соединенија кои покажуваат корисни својства“, вели д-р Маријапина Д’Онофрио.

Потсетуваме, на почетокот на минатата година беа објавени загрижувачките резултати од истражувањето спроведено во 195 земји. Всушност, се предвидува дека деменцијата ќе ги опустоши умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година, што е околу три пати повеќе отколку во 2019 година, пренесува Klix.ba.

Ова е поврзано со трендовите на факторите на ризик, вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.

Слични содржини