Пиењето од пластични шишиња може да го зголеми крвниот притисок

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Австрискo истражувањe носи лоши резултати.

Резултатите објавени во стручното списание „Microplastics“ покажаа дека пиењето од пластични шишиња може да го зголеми крвниот притисок како резултат на влегувањето на микропластиката во крвотокот.

Истражувањето спроведено од научници од Австрија откри дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течности од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели.

На почетокот и за време на студијата беше измерен крвниот притисок на учесниците.

По две недели, забележан е значителен пад на дијастолниот крвен притисок.

„Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалена потрошувачка на пластика, претпоставуваме дека пластичните честички присутни во крвотокот придонесуваат за покачен крвен притисок“, изјавија научниците.

Да потсетиме дека микропластиката се создава како резултат на распаѓање на пластичните производи под влијание на хемиски, физички и биолошки процеси во нивната околина, а еден од примерите се струготини од автомобилски гуми предизвикани од триење.

Слични содржини