Редок инцидент се случил во неделата доцна вечерта во хрватскиот град Бјеловар, кога 13-годишник под дејство на алкохол – измерени 2 промили – возел електричен тротинет, иако немал доволно години за тоа, а немал ни кацига, загубил контрола над тротинет и задобил тешки повреди. Тротинет излетал надолу, а пијаниот тинејџер се удрил во мост во местото Оровац, јавија хрватските медиуми.
Од полицијата велат дека освен што било пијано, момчето немало доволно години за да смее да управува лично превозно средство, а не носело заштитна кацига и рефлектирачки елек. Во болницата му била извадена крв и е регистрирана вредност над 2 промили алкохол.
Во падот, пијаниот тинејџер задобил тешки повреди на главата и неколку скршеници на телото. Првин бил пренесен во Општа болница Бјеловар, а потоа, поради тешките повредеи, биле префрлен на Клиниката за детски болести Загреб.